Специјализиран магацин за HPC производи – 1.960 м2 со 1.768 палетни места
Магацин за прехранбени и HPC производи – 8.232 м2 со 8.284 палетни места
Вкупната површина на новиот дистрибутивен центар изнесува 8.232 м2, односно приземје од 3.957 м2, подрум (3.883 м2) и галерија (392 м2). За поефективно и поефикасно работење во новиот дистрибутивен центар е направена надградба на веќе постојниот софтвер за магацинско работење, кој функционира по FEFO (First Expired First Out) стандард. Воведени се највисоки безбедносни стандарди во согласност со европските нормативи: спринклер систем, посебна просторија за биоцидни производи и посебна просторија за запаливи материјали.
Како што налагаат стандардите, објектот е дизајниран комплетно да бидат одвоени хемиските од прехранбените производи, а сепак е запазена врската да бидат поврзани со административниот и логистичкиот дел со посебна сообраќајница.
Посебно внимание е посветено во делот на ИСО и ХАЦЦАП-стандардот.
Просторот наменет за оброци и пауза е дизајниран така што вработените пред и по оброкот мора да поминат низ посебен санитарен јазол и да ја запазат процедурата за одржување хигиена на сите што доаѓаат во допир со прехранбени производи и покрај тоа што производите се спакувани во фабрички пакувања.
Направено е посебно Co-Pack одделение од над 200м2, кое треба да одговори на барањата на пазарот во делот на креирање посебни сетови, правење наменски акции итн. Co-Pack одделението е поврзано со складишниот дел преку товарен лифт кој овозможува спакуваните производи брзо да се најдат во делот за комисионирање. Co-Pack одделението брои 14 вработени.
Со цел следење на константниот раст на брендот Lavazza, изграден е посебен складишен дел наменет како поддршка на сервисот Lavazza, што ќе овозможи брза логистичка и сервисна услуга на клиентите.
За да се канализира процесот на прием и испорака на стока, со 12 високопрофесионални рампи од шведскиот бренд ASSA ABLOY е одделен делот на прием од делот за испорака на стока. Ова одделување придонесува за минимизирање на грешките во складирањето и комисионирањето и ја забрзува логистиката.
Согласно безбедносните стандарди, направена е посебна просторија за полнење на виљушкарите. При носењето на одлуката за купување виљушкари, освен од практичноста и квалитетот, се водевме и од почитувањето на еколошките стандарди.